Дома Трансфер зона Јунајтед се надева да продаде играчи за 60 милиони

Јунајтед се надева да продаде играчи за 60 милиони

Манчестер Јунајтед се надева на лето да продаде четворица фудбалери и да инкасира околу 60 милиони фунти, со што ќе го зголеми буџетот за летни трансфери, открива „Метро“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Играчите кои треба да бидат продадени се Џеси Лингард, Хуан Мата, Диого Далот и Фил Џоунс. На Солскјер му било ветено дека ќе му биде даден буџет од 80 милиони фунти, плус парите од продажба на фудбалери.

Солскјер на лето сака да донесе дефанзивец, играч за врска, десно крило и централен напаѓач.

Лингард е на позајмица во Вест Хем каде игра одлично, па Јунајтед се надева дека ќе може да добие 20 милиони фунти за неговиот потпис.

Слична е ситуацијата за Далот, кој е на позајмица во Милан, а „росонерите“ веќе изразија желба да го откупат неговиот договор.

За Мата интерес покажуваат неколку шпански клубови и Рома, додека за Џонс интерес покажуваат Њукасл и Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…