Дома Трансфер зона Јунајтед испрати нова понуда за Онана

Јунајтед испрати нова понуда за Онана

Манчестер Jунајтед спреми втора понуда за голманот на Интер, Андре Онана, пренесуваат италијанските медиуми.

„Црвените ѓаволи“ се во потрага по нов голман, а најголема желба е токму Онана, кој имаше одлична сезона во Интер.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Интер ја одби првата понуда од 34 милиони фунти плус бонуси, бидејќи за слободара на голманот бара најмалку 50 милиони евра.

Манчестер Јунајтед не се откажува и испрати нова понуда која со бонус може да достигне до 52 милиони евра, па двете страни се блиску до договор.

Онана веќе ги договорил личните услови со Манчестер Јунајтед и чека зелено светло да го комплетира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анте Ребиќ се враќа во Серија А?

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ од следната сезона би можел повторно да игра во Серија А. И…