Дома Фудбал Лига на шампиони Јунајтед изгуби, Ибра го запиша своето име во историјата – Ова не му успеало на никој!

Јунајтед изгуби, Ибра го запиша своето име во историјата – Ова не му успеало на никој!

0
ibra

Шведскиот интернационалец во последните 15 минути од натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу Базел и Манчестер Јунајтед доби прилика да игра.

Само што влезе на теренот – Ибра го запиша своето име и во историјата. Ибра со кој има 36 години стана првиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој во натпреварување настапувал за седум различни клубови.

Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и Манчестер Јунајтед се клубовите за кои Ибрахимовиќ настапуваше.

До вчерашниот натпревар Ибра го делеше рекродот со Николас Анелка и Хавиер Савиола кои во својата кариера во Лигата на шампионите настапија за шест различни клубови.

Да потсетиме, Јунајтед во Швајцарија беше поразен со 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Ланг во 89 минута од натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Марадона се обрати и откри кога последен пат конзумирал дрога

Диего Армандо Марадона им се обрати на своите фанови преку својот Фејсбук профил. Според м…