Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер.
28-годишниот дефанзивец влезе во последната година од договорот со Челзи, а двете страни се далеку од договор во моментов.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
„Сините“ сакаат да го задржат, но Рудигер има високи финансиски барања, па преговорите не течат во добра насока.
Ситуацијата ја следат Реал Мадрид и Јувентус, кои сакаат да го донесат дефанзивецот во своите редови како слободен агент следното лето.
„Старата дама“ покажува најсилен интерес бидејќи во него гледа идеална замена за Киелини, кој ја игра последната сезона во кариерата.
Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да ги задоволи финансиските барања на Германецот.