Дома Трансфер зона Јувентус фаворит за потписот на бекот на Челзи

Јувентус фаворит за потписот на бекот на Челзи

Италијанските гиганти, Интер и Јувентус се силно заинтересирани за левиот бек на Челзи, Емерсон Палмери.

Палмери не добива голема минутажа и Челзи е спремен да го продаде на лето за 20 милиони евра.

Палмери долго време е на радарот на Антонио Конте, но „нероаѕурите“ не се спремни да ги платат бараните 20 милиони евра, па таквата ситуација може ќе ја искористи Јувентус.

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус е фаворит за потписот на левиот бек, и дека веќе има договор со неговиот агент.

Офанзивниот бек не е дел од плановите на актуелниот менаџер на „сините“, Томас Тухел, и затоа ќе му биде дозволено да си замине од „Стемфорд Бриџ“ за време на летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Хари Кејн бира помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед

Хари Кејн ќе остане во Премиер лигата, иако големи се шансите да го напушти Тотенхем ова л…