Напаѓачот на Евертон, Моис Кин ова лето би можел да се врати во Јувентус, пренесува „Газета дело Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Минатото лето Кин за сума од 27 милиони финти го напушти Јувентус и се пресели во Евертон, но не се снајде во Премиер лигата и би можел да се врати во Серија А.
Јувентус е во потрага по напаѓач кој ќе биде замена за Игуаин, а првата желба на Пирло е Един Џеко. Меѓутоа, „бјанконерите“ сакаат да донесат и еден помлад напаѓач кој ќе биде алтернатива за Босанецот.
Поради тоа идеална опција за „старата дама“ е да го врати Кин во своите редови бидејќи го познава клубот и Серија А, па брзо ќе се вклопи.
Евертон е спремен да го пушти младиот напаѓач, па можна е позајмица со право на откуп следното лето.