Дома Трансфер зона Јувентус сака да го украде „бисерот“ на Рома

Јувентус сака да го украде „бисерот“ на Рома

Офанзивниот играч за врска на Рома, Николо Заниоло ја воодушеви фудбалска Италија оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатото лето пристигна заедно со Сантон од Интер, во рамките на трансферот за Раџа Наинголан, а во последно време е незаменлив во составот на „Волчицата“. Рома се обидува да му понуди нов договор, младиот Заниола уште од сега се споредува со легендата на клубот од „Олимпико“ Франческо Тоти, па управата е подготвена да му понуди 1,5 милион евра годишно.

Сепак, Јуве веќе преговара со неговиот агент, се обидува да дојде до информација колку е потребно за Заниола да се пресели во нивните редови. Идејата која ја има спортскиот директор е слична на онаа која е спроведена за време на ангажманот на Федерико Бернандески од Фиорентина, па така Рома би можела да добие идеална прилика следното лето да заработи големи пари.

Како што пренесува „TuttoSport“, Јуве за Заниола е подготвен да плати 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…