Дома Трансфер зона Јувентус го сака Савиќ, му нуди трампа на Атлетико

Јувентус го сака Савиќ, му нуди трампа на Атлетико

Јувентус е спремен да му предложи на Атлетико Мадрид интересна трампа, пренесуваат медиумите на Апенините.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Старата дама“ сака да им го предложи на „јорганџиите“ Даглас Коста, а за возврат да го добијат потписот на Стефан Савиќ, пренесува „Калчомеркато“.

Даглас Коста не влегува повеќе во плановите на тренерот Сари и „бјанконерите“ сакаат да се ослободат од Бразилецот. Во последните денови се пишиуваше дека Јувентус го предложил Бразилецот на Манчестер Јунајтед како дел од трансферот на Погба, но „црвените ѓаволи“ ја одбиле таа понуда.

Меѓутоа, интерес за Даглас Коста покажува Атлетико Мадрид, па Јувентус сака да ја искористи таа ситуација и да донесе некој играч од шпанскиот клуб.

Како најверојатна опција се споменува дефанзивецот Стефан Савиќ, кој е на излезна врата од Атлетико Мадрид и сака да се врати во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…