Дома Трансфер зона Јувентус го сака капитенот на Милан

Јувентус го сака капитенот на Милан

Италијанскиот шампион Јувентус е сериозно заинтересиран за капитенот на Милан, Алесио Ромањоли, пренесуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ромањоли на лето влегува во последната година од договорот, а преговорите за продолжување на соработката не одат во добра насока.

Имено, неговиот агент Мино Раиола бара значително зголемување на платата, а Милан нуди 4 милиони евра по сезона, што е само половина милион повеќе од актуелната плата на дефанзивецот.

Таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус и да го доведе Ромањоли во Торино, бидејќи „старата дама“ е во потрага по квалитетен дефанзивец.

Милан ќе се обиде да постигне договор со Ромањоли за нов договор, во спротивно за неговата слобода ќе бара 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…