Јувентус покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
23-годишниот играч за врска игра фантастично, веќе е стандарден француски репрезентативец, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Тој е брат на ѕвездата на Интер, Маркус Турам и син на легендарниот Турам, па може кариерата да ја продолжи во Серија А.
Јувентус во него гледа како идеално засилување за средниот ред, што ќе биде приоритет за следната сезона.
„Бјанконерите“ веќе работат на трансферот и сакаат да ја победат конкуренцијата, па спремаат понуда од 45 милиони евра.