Дома Трансфер зона Јувентус во Лондон бара нова „десетка“

Јувентус во Лондон бара нова „десетка“

Како што пренесуваат италијанските медиуми Јувентус е во потрага по нов плејмејкер за следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот на „старата дама“, Макс Алегри сака да донесе еден креативец во тимот, а главни мети се Кристиан Ериксен од Тотенхем и Месут Озил од Арсенал.

Германскиот репрезентативец е сигурно полесна мета бидејќи неговиот договор со Арсенал истекува на крајот на сезоната. „Бјанконерите“ веќе стапиле во конаткт со неговиот агент и ќе направат се за да го донесат во Торино како слободен играч.

Што се однесува до Ериксен тешко е да се поверува дека Тотенхем ќе се согласи да го пушти својот плејмејкер. Претседателот на „спарси“, Даниел Леви истакна дека нема намера да ги продава најголемите ѕвезди од тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…