Дома Трансфер зона Јувентус без пари ја носи ѕвездата на ПСЖ

Јувентус без пари ја носи ѕвездата на ПСЖ

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е на добар пат да го обезбеди потписот на Јулијан Дрекслер од ПСЖ.

Дрекслер влезе во последната година од договорот и нема најави дека ќе ја продолжи соработката со ПСЖ.

За него интерес покажуваа клубови од Премиер лигата како и Севиља, но медиумите тврдат дека Јувентус е во пол-позиција за неговиот потпис.

Јувентус веќе започнал преговори со агентот и на Германецот му нуди договор до 2024 година.

„Старата дама“ е на добар пат да обезбеди големо засилување за следната сезона без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Европските гиганти ја започнаа трката за новиот „бисер“ на Салцбург

Салзбург после Ерлинг Халанд изгледа има ново голгетерско чудо. Австрискиот шампион има но…