Дома Фудбал Италија Јохансон со првиот допир ги „сруши“ „Аѕурите“, Италија ќе стравува за пласман на Мундијалот! (Видео)

Јохансон со првиот допир ги „сруши“ „Аѕурите“, Италија ќе стравува за пласман на Мундијалот! (Видео)

0
sweden

Вечерва со почеток од 20:45 својот прв натпревар во баражот за Светското првенство Русија го одиграа репрезентациите на Шведска и Италија.

Како и што можеби многумина очекуваа Шведска и Италија одиграа изедначен натпревар без многу шанси.

Се играше тврдо на средината на теренот. Каков фудбал следевме во првиот дел зборува и статистиката, домаќинот упати шест удари кон голот на Буфон, но само еден од нив одеше во рамките од голот, додека на стругата страна „Аѕурите“ без без удар во рамките од голот на домаќинот.

Во вториот дел Шведска успеа да искористи еден „отпадок“ по добро изведениот аут, Јохансон кој само четири минути претходно влезе во игра во 61 минута упати волеј удар од работ на шеснаесетникот, а топката откако ги погоди италијанските дефанзивци заврши зад голот на Буфон.

После овој пораз „Аѕурите“ во реваншот ќе мораат да покажат далеку подобра игра доколку сакаат да обезбедат настап на Мундијалот во Русија.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Италија

Проверете

По цела деценија, во Шведска повеќе епитетот НАЈДОБАР не го носи Златан Ибрахимовиќ

Се прости од репрезентацијата, а се прости и од наградата која полна деценија љубоморно ја…