Лионел Меси никогаш не бил поблиску до заминување секојдневно медиумите, вклучувајќи ги и оние блиските до Барселона, каталонските пишуваат за потенцијалното заминување на Аргентинецот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Со името на Меси се поврзуваат неколку клубови, денес каталонски „Спорт“ објави дека Јувентус сериозно размислува да спои тандем Роналдо – Меси. Кога е Премиер лигата таму се шпекулираше за Манчестер Сити, а Јаја Туре смета дека тоа е единствениот англиски клуб во кој Меси може да игра.
„Во Премиер лигата Меси може да игра само Манчестер Сити затоа што тие не се бранат. Гвардиола го познава добро и знае да извлече најдоброто од него. Во Премиер лигата сакаат од вас да работите напорно и да напаѓате. Ако се случи да заигра за Сити би било интересно да го гледаме“, изјви Туре.