Дома Фудбал Јапонците повторно го воодушевија светот🎥

Јапонците повторно го воодушевија светот🎥

Навивачите на Јапонија вчера имаа причина да слават бидејќи ја победија Германија на Светското првенство во Катар, а потоа го воодушевија светот.

Додека фудбалерите го напуштаа теренот, јапонските фанови останаа да го соберат ѓубрето од стадионот „Халифа“. Тие го правеа истото и на последното Светско првенство во Русија. Во Јапонија, чистењето е дел од културата и оваа навика им се всадува на луѓето уште на рана возраст.

Исто така и јапонските фудбалери го исчистија нередот во соблекувалната и ја оставија чиста исто како што ја најдоа пред да дојдат. Притоа, имаа време да направат и оригами кои ги оставија во соблекувалната како подарок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го меркаше, Рома го доби: Зошто пропадна планот за Мален?

Дониел Мален вечерва ќе го предводи нападот на Рома против клубот што го посакуваше во јан…