Дома Фудбал Ѕвездата на Баерн се кае поради еден непромислен потег

Ѕвездата на Баерн се кае поради еден непромислен потег

Ѕвездата на Баерн, Лерој Сане откри дека жали поради тетоважата која ја направил додека го носеше дресот на Манчестер Сити.

Германецот во 2017 година на грбот го истетовира славјето на голот против Монако во Лигата на шампиони кога „граѓаните“ славеа со 5:3. Меѓутоа, Сити во реваншот загуби со 3:1 и беше елиминиран.

Сане минатото лето се пресели во Баерн Минхен, па се одлучи да го избрише грбот на Сити од тетоважата која ја има на грбот.

„Бев многу млад. Денес би донел поинаква одлука. Едноставно морав да ударм во ѕид бидејќи бев многу млад. Од тоа извлеков поука“, изјави Сане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Златната топка“ првпат во Лондон: Јубилејна вечер и трка за фудбалскиот престол

Седумдесетгодишнината на наградата ќе се одбележи во Лондон. Како се избираат победниците …