Дома Трансфер зона Ѕвездата на Ајакс се сели во Премиер лигата

Ѕвездата на Ајакс се сели во Премиер лигата

Менаџерот на Евертон, Роналд Куман е спремен сериозно да го засили тимот за следната сезона, а медиумите на Островот тврдат дека веќе е договорен трансферот на капитенот на Ајакс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите тврдат дека доаѓањето на Деви Класен во Евертон е веќе завршена работа, а трансферот би требало да изнесува околу 30 милиони евра.

Класен во последните четири години е стандарден во Ајакс и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Тој за славниот холандски клуб постигна 55 гола на 180 натпревари, а дресот на репрезентацијата го облече 14 пати до сега.

Евертон има високи цели за следната сезона, па Класен сигурно ќе биде големо засилувае за средниот ред на „карамелите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…