Дома Фудбал Ѕвездата на Атлетико ја напушта својата репрезентација!?

Ѕвездата на Атлетико ја напушта својата репрезентација!?

Голем дел од спортистите би дале се за да ги бранат боите на својата земја, но со некои тоа не е случај и поради одредени причини се откажуваат од дресот на својата земја.

Последен кој би можел да им се приклучи на оние вторите е фантастичниот голман на Атлетико Мадрид, Јан Облак.

Во последните години Облак е неприкосновен на голот на Словенија, но откако Бојан Кавчиќ стана селектор тој ниту еднаш не настапил за националниот тим, покрај тоа не се појавувал ниту на тренинзите.

Медиумите во Словенија пишуваат дека еден од најдобрите голмани во светот не одговара на повикот на селекторт, а наводно обид за да разговара со Облак имал и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Словенија, Раденко Мијатовиќ, но и тој бил безуспешен.

Повреда сигурно не е причина бидејќи Облак тренира и брани за Атлетико, зад целата приказна би можел да стои кондликт. Се претпоставува дека Облак му замерил на

Кавчиќ што после заминувањето на Боштјан Цесар капитенската лента место на него му ја доделил на Бојан Јокиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стојковиќ го реши дербито: Динамо ја скрши Риека во 85. минута!

Два гола на Стојковиќ му донесоа победа на Динамо од 2-1 на „Максимир“. Риека израмни прек…