Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во Доха, соопштија вечерва организаторите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓоковиќ досега турнирот во главниот град на Катар го освојуваше двапати, и тоа во 2016 и 2017 година, а српскиот тенисер последен пат на турнирот во Доха настапи во 2019 година.
Организаторите пред неколку дена објавија дека следната година на турнирот во Доха ќе учествуваат и најдобриот тенисер на светот, Италијанецот Јаник Синер, како и Русите Данил Медведев и Андреј Рубљов.
.