Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ќе добие статуа на Австралијан опен (Фото)

Ѓоковиќ ќе добие статуа на Австралијан опен (Фото)

Според листот „Хералд Сан“ од Мелбурн, Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа на стадионот каде што се одржува Австралија опен. Крејг Тајли, директорот на првиот грен слем турнир во сезоната, го најави ова како желба, а причината е логична – Ѓоковиќ е рекордер на турнирот со десет титули.

– Ѓоковиќ го заслужува – истакна Тајли.

Инаку, во комплексот во Мелбурн Парк, покрај Род Лејвер арената, се наоѓаат низа статуи посветени на различни великани на оваа игра, претежно австралиски. Секако, подвизите на Ѓоковиќ на овој турнир ги надминуваат сите национални рамки, па е сосема логично да му се оддаде таква почест.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ објави голема вест, се враќа на омилено место

Најдобриот македонски тенисер Новак Ѓоковиќ соопшти дека ќе учествува на АТП турнирот од с…