Димитар Ѓорѓиев вечерва во Зворник беше поразен од домашниот борец, Никола Дробњак во борбата за европската титула.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дробњак мечот го доби со победа од 3:0 и практично му „врати“ на Ѓорѓиев за поразот на Светското првенство во Италија каде што Ѓорѓиев славеше со истиот резултат и стигна до светската титула.
Веднаш по поразот беше најавен и реванш.
„Беше одличен меч мило ми е што дојдов тука во Зворник. Никола е одличен борец и му честитам на победата, а ќе му порачам нека се подготви за реванш“.
Според најавите на официјалниот спикер реваншот помеѓу Ѓорѓиев и Дробњак ќе се одржи за околу два месеци во Скопје.