Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ќе игра во Париз, тренира заедно со најголемиот ривал

Ѓоковиќ ќе игра во Париз, тренира заедно со најголемиот ривал

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се најде на теренот заедно со најголемиот противник за првата позиција на АТП листата – Данил Медведев.

Двајцата заедно тренираа во Париз каде што ќе настапат на претстојниот мастерс. Без оглед на остварените резултати нивните позиции нема да се променат после овој турнир. Битката Ѓоковиќ и Медведев ја водат целата година, а подобар на последното соочување беше Русинот совладувајќи го Ѓоковиќ во финалето на УС Опен.

По тој турнир Ѓоковиќ зема подолга пауза и во Париз за првпат од тогаш ќе го одигра првиот официјален меч. Медведев објави заедничка фотографија на друштвените мрежи со опис:

„Конечно успеавме“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Серена Вилијамс го откажа настапот на Австралија Опен

40-годишната Серена Вилијамс ќе го пропушти Австралија Опен по советите на нејзиниот медиц…