Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Често фантазирам каква сила би била Југославија во спортот

Ѓоковиќ: Често фантазирам каква сила би била Југославија во спортот

Првиот рекот во светот Новак Ѓоковиќ спаѓа во редот на познати личности кои понатаму ја сакаат поранешната држава, иако таа не постои.

Српскиот тенисер се подготвува за Ролан Гарос кој започнува следната недела. На една од последните средби со новинарите еден од нив прокоментира дека неговиот сонародник Василије Миќиќ е прогласен за МВП во Евролигата, додека Никола Јокиќ би требало да биде прогласен за најдобар во НБА лигата. Тој коментар кај Ѓоковиќ разбуди посебни емоции.

„Со оглед на тоа дека во овој момент ги имаме најдобрите кошаркари во светот, мислам дека можеме да им парираме на Американците. Миќиќ ја освои МВП награта во Евролигата, Јокиќ треба да биде МВП во НБа…Како голем број спортисти од овие простори многу си фантазирам каква репрезентација би била Југославија, како би било да играме заедно. Во кошарката тука се уште Дончиќ, Богдановиќ…Но и не само таму, како би било во фудбалот, ракометот, одбојката…Во сите спортови. Мислам дека секаде би можеле да бидеме најсилен тим“, изјави носталгично Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ закажа четвртфинале против Нишикори

Новак Ѓоковиќ лесно се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри каде што ќе игра пр…