Дома Тенис Ѓоковиќ супериорно до финалето во Австралија

Ѓоковиќ супериорно до финалето во Австралија

Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на Австралија опен, откако убедливо го совлада Томи Пол со 3:0 во сетови (7:5, 6:1, 6:2).

Србинот стартуваше фуриозно, поведе со 5:1 во гемови, но потоа имаше мал пад во играта, па Томи Пол успеа да израмни на 5:5. Сепак, Ѓоковиќ го освои првиот сет со 7:5 во гемови, а следните два сета беше супериорен.

Ѓоковиќ се пласираше во своето 10-то финале на Австралија Опен и ќе се бори за десеттата титула во дуелот со Стефанос Циципас, кој претходно денеска го совлада Карен Хачанов во четири сета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Рибакина загуби сет, па со убедлив финиш обезбеди полуфинале во Нингбо

Елена Рибакина ја совлада Катажина Кава со 6:1, 3:6, 6:1, а за место во финалето во Нингбо…