Дома Останати Тенис Ѓоковиќ со победа против Фриц обезбеди полуфинале во Париз

Ѓоковиќ со победа против Фриц обезбеди полуфинале во Париз

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди полуфинале на АТП мастерсот во Париз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓоковиќ се помачи со Американецот Тејлор Фриц, но на крајот успеа да победи во два сета со 6:4 и 6:3. Фриц му праваше проблеми на Ѓоковиќ во првиот сет, иако се започна со брејк за најдобриот тенисер. Фриц возврати, а потоа се играше гем за гем се до пред крајот на сетот кога Ѓоковиќ го одлучи сетот.

Вториот сет започна со еден брејк и тоа за Фриц, потоа Ѓоковиќ додаде гас и брзо возрати и не дозволи изненадувања. Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Хуберт Хуркач кој е 10-ти на АТП листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ивановски го „уништи“ Гркот Циципас во Загреб

Македонскиот тенисер Калин Ивановски продолжува со одличните настапи на турнирот во Загреб…