Дома Тенис Ѓоковиќ со емотивна порака за Надал: За тебе ќе се учи со децении

Ѓоковиќ со емотивна порака за Надал: За тебе ќе се учи со децении

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, со емотивна порака се огласи по повод прензионирањето на Рафа Надал.

Шпанскиот тенисер претходно во текот на денот најави дека ќе стави крај на својата богата кариера оваа сезона и дека Дејвис купот со Шпанија ќе му биде последно натпреварување.

„Рафа, една објава не е доволна за да ја измери почитта што ја имам кон тебе и она што го направи за нашиот спорт. Ти инспирираше милиони деца да почнат да играат тенис и мислам дека тоа е веројатно најголемото достигнување што некој може да го посака. Од твојата истрајноста, посветеноста, борбеноста… ќе се учи со децении. Само ти знаеш што требаше да издржиш за да станеш тениска икона. Твојата страст за претставување на Шпанија отсекогаш била исклучителна, ти посакувам најдобро можно збогување со шпанскиот Дејвис куп тимот, ќе бидам таму да и оддадам почит на твојата ѕвездена кариера“, порача Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ и Надал последен пат играа на Олимписките игри во Париз, кога Србинот победи во второто коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз во Виена тргнува против својата есенска слабост

Шпанецот го почнува настапот на турнирот од серијата 500 со желба да го промени неуспешнио…