Дома Тенис Ѓоковиќ рутински до четвртфинале!

Ѓоковиќ рутински до четвртфинале!

Новак Ѓоковиќ лесно стигна до четвртфиналето на Австралија Опен, откако оствари рутинска победа над Шварцман со 3:0.

Најдобриот српски тенисер во осминафиналето, по нешто повеќе од два часа игра, го елиминира Диего Шварцман од Аргентина со 6:3, 6:4, 6:4.

Негов нареден ривал во Мелбурн ќе биде Канаѓанецот со црногорско потекло Милош Раониќ, кој пак во осминафиналето го победи Хрватот Марин Чилиќ со 6:4, 6:3, 7:5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Боржеш го исфрли Руд: Ѓоковиќ доби поинаков пат до полуфиналето во Базел

Нуно Боржеш со пресврт го елиминира Каспер Руд и се пласира во четвртфиналето, каде би мож…