Дома Останати Тенис Ѓоковиќ освојуваше титули, а сега тргнува во нова мисија да го спасува светскиот тенис

Ѓоковиќ освојуваше титули, а сега тргнува во нова мисија да го спасува светскиот тенис

Новак Ѓоковиќ испиша историја во тенисот и освои многу титѕули, а сега влегува во нова мисија против напорниот распоред и големиот број турнири во текот на сезоната.

Српскиот тенисер пред неколку години основа организација под името ПТПА која ги застапува правата на тенисерите низ светот и се обидува да ја подобри положбата на тенисерите кои не се во врвот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тенисерите во последно време се жалат на густиот распоред, па Србинот ќе се обиде да го реши тој проблем. Според информаиците Ѓоковиќ преку својата организација ангажирал и адвокати.

„ПТПА ангажираше адвокатски фирми со цел да ја смени структурата на тенисот. Главната поента на оваа акција е тоа што еден просечен тенисер работи премногу, а има премали примања за стандардот ширум светот. Ќе се обидат одвнатре да направат револуција“, пишува британскиот „Телеграф“.

Помеѓу тенисерите кои се жалеа на распоредот беше и Шпанецот Карлос Алкараз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал пред почетокот на Индијан Велс: Директор ја допираше Рибакина…(Видео)

Шампионката на Австралија Опен, Елена Рибакина, се најде во центарот на вниманието по инци…