Дома Останати Тенис Ѓоковиќ може да ја промени репрезентацијата: Лично ми кажа дека сака да ни се придружи

Ѓоковиќ може да ја промени репрезентацијата: Лично ми кажа дека сака да ни се придружи

Бенџамин Балерт, некогаш 204 тенисер на АТП листата даде големо интервју за реномираниот француски весник „Л’Екип“ во кое зборуваше за својата кариера, но и Новак Ѓоковиќ.

Станува збор за тенисер кој можеби не е им е познат и на оние кои повеќе го следат тенисот, а не пак на оние кои ги следат само големите турнири.

Балерт денес има 37 години и неговиот најголем успех е 204 место на АТП листата и трето коло во квалификациите за Ролан Гарос.

Најпознат е по тоа што го одигра најдолгиот тај-бреј во професионалниот тенис, кој се играше до 70 поени (36-34), се одигра на Фјучерсот во Флорида.

Најмногу внимание од неговото интервју привлече делот во кој во зборува дека Ѓоковиќ лично му кажал дека би можел да заигра за репрезентацијата на Монако.

„Новак лично ми кажа дека би се придружил на мојата репрезентација. Сака да ни помогне и овде секако е добредојден. Тој навистина го сака Монте Карло и тука поминува многу време. Ни помогна кога ги реновиравме терените“, изјави Балерт.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Федерер: Зошто да тренирам? Сега уживам

Проблемот со коронавирусот се уште постои во сите спортови па така и во тенисот и сега не …