Ник Кирјос денес се пласираше во второто коло на Австралија Опен, а после мечот повторно го „пецна“ Новак Ѓоковиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓоковиќ пред два дена на новинарско прашање за Кирјос одговори дека го почитува на теренот, но не и надвор од него.
Тоа беше повод денес Кирјос повторно да зборува за Ѓоковиќ, а најдобриот тенисер на елегантен начин стави крај на „војната“.
„Не сакам премногу да коментирам, тој го бара тоа. Сака внимание. Јас нема да му давам затоа што не заслужува. Немам потреба да седнам со него, воопшто не ме интересира тој тип“, изјави Ѓоковиќ.