Дома Останати Тенис Ѓоковиќ за елиминацијата од Индијан Велс: Ова беше еден од „оние“ денови, тактички беше подобар

Ѓоковиќ за елиминацијата од Индијан Велс: Ова беше еден од „оние“ денови, тактички беше подобар

0

Новак Ѓоковиќ доживеа изненадувачки пораз од Филип Колшрајбер на Индијан Велс и така го заврши настапот на овој турнир.

Германецот го победи Ѓоковиќ со 2:0 во сетови (6:4, 6:4) и така му ја одзема шансата на Ѓоковиќ да се бори за шестата рекордна титула на Индијан Велс.

„Навистина не сакам да губам…Посебно не на турнирири каков што е Индијан Велс. Тука имав многу успех во минатото. Меѓуто денес имав еден од „оние“ денови,
едноставно се случува“, изјави Ѓоковиќ после поразот кој потоа и спортски го призна.

„Одлично одигра на тактички план. Докажа дека може да победи и тенисери од врвот на АТП листата, меѓутоа тоа за мене не беше изненадување“, изјави Србинот.


Следете го Sportski.mk и на


Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Мајами: Ѓоковиќ лесно против Томиќ, сензационална елиминација на освојувачот на првиот Мастерс

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ запиша победа против Бернард Томиќ на Мастерсот во Мајами. …