Дома Останати Ѓоковиќ експресно во полуфинале на Вимблдон

Ѓоковиќ експресно во полуфинале на Вимблдон

0

Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми го победи Давид Гофан со 3:0 и се пласираше во полуфиналето на Вимблдон.

Гофан прв направи брејк, во седмиот гем, но од тој момент Ѓоковиќ презеде иницијатива и беше надмоќен, па го доби првиот сет со 6:4.

Вториот сет го освои лесно и убедливо без ниту еден загубен гем, а во третиот му дозволи два гема на противникот од Белгија.

Во полуфиналето Новак ќе игра против подобриот од дуелот Роберто Баутиста-Агут и Гвидо Пеља.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Циципас со пресврт до тронот во Лондон

Младиот грчки тенисер Стефанос Циципас го оствари најголемиот успех во кариерата, победува…