Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на првиот Грен слем оваа сезона, Австралија Опен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Одличен натпревар во четвртфиналето одиграа Ѓоковиќ и Александар Зверев, а на крајот славеше српскиот тенисер со резултат 3:1 во сетови (6:7, 6:2, 6.4, 7:6).
Зверев одлично го отвори мечот. Веднаш го зема сервисот на Ѓоковиќ и предноста ја чуваше се до крајот на првиот кога при резултат 5:4 сервираше за водство во сетови, тука Новак успеа да направи брејк. Сепак, во тај-брејкот Зверев го освои сетот.
Во вториот сет Ѓоковиќ влезе многу подобро и поведе со 4:0 и овој сет беше решен уште тука.
Како што Ѓоковиќ го отвори вториот сет, така Зверев го отвори третиот. Германскиот тенисер направи два брејка и имаше водство од 4:1, изгледаше дека ќе го освои третиот сет. Ѓоковиќ во еден момент тогаш ги изгуби нервите и го скрши рекетот (тој момент можете да го видите тука). Сепак, по тој момент заигра многу подобро и освои пет гема во низа за 6:4 и 2:1 во сетови.
И на стартот од четвртиот сет Зверев направи брејк, водеше со 3:0. Ѓоковиќ повторно се врати и на крајот го доби и тој сет во тај-брејк со 7:6.