Дома Останати Тенис Ѓоковиќ без многу проблеми се пласираше во осминафиналето на Синсинати

Ѓоковиќ без многу проблеми се пласираше во осминафиналето на Синсинати

0

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ ја започна одбраната на титулата во Синсинати.

Новак во мечот од второто коло го совлада Американецот Сем Квери со 2:0 во сетови (7:5 и 6:1), после еден час и 19 минути игра.

Квери подобро го започна мечот, поведе со 2:0 и таа предност ја одржуваше до шестиот гем кога Ѓоковиќ дојде до изедначување на 3:3, а потоа после една интересна борба Ѓоковиќ направи уште еден бреј за конечни 7:5 во првиот сет.

Во вториот се водеше вистинска борба само во првите три гема, а кога Новак направи нов брејк и поведе со 3:1 отпорот на искусниот Американец значително ослабе и до крајот Србинот се „прошета“ до победата.

Во третото коло, односно во осминафиналето Новак ќе игра против подобриот мечот помеѓу Иснер и Карењо Буста, а еден од можните ривали во четвртфиналето му е Ник Кирјос.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Јанко Типсаревиќ кажа крај: Нема да напишам говор после кој сите ќе плачете

Jaнко Типсаревиќ донесе важна животна одлука. Еден од најдобрите српски тенисери на сите в…