Дома Останати Тенис Ѓоковиќ без борба до полуфинале на Вимблдон

Ѓоковиќ без борба до полуфинале на Вимблдон

Aвстралиецот Алекс Де Минор се откажа од настапот на Вимблдон, па така Новак Ѓоковиќ без борба оди во полуфиналето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Де Минор денеска требаше да игра против Новак во четвртфиналето, меѓутоа се повлече од турнирот.

Причина за повлекувањето на австралискиот тенисер е повредата на колкот. Изгледаше загрижено Де Минор и по мечот од претходната рунда, но и беше оптимист дека ќе ги реши проблемите.

„Во ред е, ќе пронајдам начин“, искоментира кратко тогаш за неговата ситуација.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе го чека подобриот од мечот помеѓу Мусети и Фриц. Првото полуфинале веќе е познато и во него ќе се сретнат Алкараз и Медведев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа со победа го започна турнирот во Лајпциг

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот на турнирот во Лајпциг, о…