Дома Трансфер зона Шчешни и кажа ДА на Барса, утре пристигнува на прегледи

Шчешни и кажа ДА на Барса, утре пристигнува на прегледи

Војчех Шчесни ќе се врати од пензија која ја објави пред еден месец и ќе го облече дресот на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После повредата на Тер Штеген каталонскиот гигант беше во потрага по нов голман и испрати понуда до Шчешни, кој прифати да ја прекине пензијата.

Утре полскиот голман ќе пристигне во Барселона на лекарски прегледи и официјално ќе стави потпис на договорот.

„Многу ја почитувам историјата на Барселона, станува збор за еден од најголемите клубови во светот. Ја сфаќам тешката ситуација во која западна Барса со тешката повреда на Тер Штеген и сметам дека ќе беше големо непочитување од моја страна да не ја разгледам опцијата која ми се понуди“, изјави Шчешни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…