Дома Фудбал Германија Што се случува!? Баерн може да остане без засилувањето кое го потврди!

Што се случува!? Баерн може да остане без засилувањето кое го потврди!

Баерн Минхен во текот на оваа сезона на својот официјален профил објави дека Бенџамин Павар наредното лето ќе стане нивни фудбалер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тогаш во објавата на Баерн стоеше дека Баерн со Штудгарт се договорил за трансфер од 35 милиони евра. Павар и изјавуваше за медиумите дека се радува на трансферот на во Баерн.

Меѓутоа сега во јавноста излезе извршниот директор на Штудгарт, Стефан Хаим со изненадувачка изјава – Баерн Минхен не испратил никаква понуда за Павар?!

„Не постои никаква официјална понуда од Баерн за Павар. Кој и да сака да го довее во текот на летото ќе мора да ја уплати сумата која ние ја бараме. Ќе повторам, нема никаков договор“, кратко порача Стефан Хаим.

Навистина не е јасно и неверојатно е како гигант каков што е Баерн си дозволил да направи ваква грешка. Се изгледа многу аматерски.

Но, дел од медиумите во Германија пишуваат дека можеби се работи само за обид на Штудгарт да се одвлече внимание од проблемите во внатарешноста на екипата.

Ќе потсетиме и дека „Билд“ кој важи за доверлив извор пред само неколку дена излезе со објава дека баварците ги договориле трансферите на Лукас Хернандез (тука) од Атлетико Мадрид и напаѓачот кој е желба на многу европски тимови, Тимо Вернер (тука)

https://www.youtube.com/watch?v=NRQOIKCJM-o

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Секој главен судија на Светското првенство ќе си оди со повеќе од 100 000 долари

Екипите кои ќе бидат елиминирани уште во групната фаза на Светското првенство во фудбал ќе…