Дома Топ вести Нова „бомба“ од Минхен: Баерн го договори Тимо Вернер!

Нова „бомба“ од Минхен: Баерн го договори Тимо Вернер!

Актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн Минхен, излезе како победник во трката по потписот на најдобриот фудбалер во дресот на Ред Бул Лајпциг, Тимо Вернер, пренесува „Билд“.

„Билд“ кој е секогаш добро информиран и се бави со шпекулации утрово откри дека Баерн Минхен веќе го договорил трансферот на Лукас Хернандес од Атлетико Мадрид за 80 милиони евра (ОВДЕ).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Но, тоа не е се. Баварците го договорија и голгетерот на Лајпциг Тимо Вернер. „Билд“ тврди дека 22-годишниот германски репрезентативец веќе ги договорил личните услови со баварскиот гигант.

Баварците сега треба уште да се договорат и со неговиот клуб, бидејки договорот на напаѓачот му истекува во 2020 година. Поради тоа Лајпциг е ставен пред свршен чин и доколку одбие да го продаде на лето, следната година ќе го загуби играчот без обештетување.

Интерес за Вернер има од многу европски гиганти, но Вернер отворено му соопштил на својот менаџер дека сака да премине во Баерн.

Претходно Баварите веќе го обезбедија потписот на Бенџамин Павар од Штудгарт, па во Минхен полека се создава млади и силен тим.

Неодамна претседателот на Баварците, Ули Хенес најави дека клубот ќе биде активен во летниот преоден рок и дека на „Алијанц Арена“ ќе пристигнат нови ѕвезди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…