Дома Фудбал Останато Што знае дете што е најдобар напаѓач во свет…

Што знае дете што е најдобар напаѓач во свет…

Eрлинг Халанд е чудото за кое не престанува да е пишува во спротскиот свет.

Каде што запре во Салзбург продолжи во Борусија. Се редат неверојатни бројки зад неговото име. Тинејџерската сензација сезонава во Лигата на шампионите сам има повеќе голови од една Барселона (Халанд 10, Барселона 9). Покрај Халанд 10 гола во Лигата на шампионите сезонава има само уште далеку поискусниот од него Роберт Левандовски.

Додека играше во Салзбург се зборуваше: Каква е таа австриска лига? Кој е Салбзург? Ќе го снема кога ќе дојде во поголем клуб и посилна лига…И Халанд дојде. Ја избра Борусија Дортмунд. Дојде и – не го снема! Блесна во Борусија уште на првите натпреварите во Бундес лигата.

Се уште имаше такви кои коментираа дека против европските гиганти нема да му оди така лесно. Дојде и тој момент, Борусија вчера играше против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Халанд на скапоплатениот тим на ПСЖ му даде два гола, а воодушевуваше во текот на целиот натпревар. Во еден момент изведе зачудувчаки спринт од својот до противничкиот гол. Во тој спринт пресметано е дека Халанд 60 метри истрчал за 6.64 секунди. Само за споредба американскиот спринтер Кристијан Колман е светски рекордер на 60 метри со време од 6.34 секунди.

И како да се опише еден ваков играч кој допрва треба да се развива, да да се развива во нешто повеќе иако и ова што го прави е неверојатно.

Што знае дете што е најдобар напаѓач во свет…

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бензема со дополнување на изјавата за Жиру: Видете, ако ме споредите со „стариот“ Роналдо тогаш ја сум картингот

„Не мешајте Формула 1 со картинг. Да, јас во таа приказна сум Формула 1“. На овој начин Бе…