Дома Македонски спорт Мак ракомет Штербик „лудуваше“, Вардар триумфално во Загреб

Штербик „лудуваше“, Вардар триумфално во Загреб

0

Ракометарите на Вардар рутински славеа во Загреб 29:23 во рамките на седмото коло во Лигата на шампионите.

Европскиот шампионпоучен од минатогодишниот пораз во Загреб, максимално сериозно влезе во натпреварот и по нецели 20 минути беше јасно дека домаќинот нема шанси да приреди изненадување.

Нештата на теренот не се сменија ниту во второто полувреме, во кое Вардар два пати имаше и максимални девет гола предност. Во финишот Загреб само успеа да го ублажи поразот (29:23).

Играта на Вардар функционираше беспрекорно, поради што Раул Гонзалес си дозволи целиот натпревар да го одигра без Циндриќ. Блескаше одново Штербик кој натпреварот го заврши со 18 интервенции.

Вардаровиот голман диригираше со играта, Загреб немаше решениа за зоната 5-1, а во нападот не може да се справат со пикерите на европскиот првак. Резултат на тоа се седум седмерци, кои ги реализира Чупиќ.

Крилниот играч на Вардар беше најефикасен на натпреварот, а гол помалку постигнаа Борозан и Мандалиниќ кој беше најефикасен кај Загреб.

Вардар наредниот натпревар ќе го одигра на 18 ноември кога во Скопје ќе гостува Рајн Некар.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија У-19 ќе биде носител на жребот за квалификациите!

Фудбалската репрезентација на Македонија, играчи до 19 години се пласира во елитните квали…