Дома Фудбал Италија Шпекулациите завршија, Интер доби нов тренер!

Шпекулациите завршија, Интер доби нов тренер!

Она што и се претпоставуваше сега е официјално, Лучијано Спалети е нов тренер на Интер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Спалети ја водеше екипата на Рома во минатата сезона, но не освои ниту еден трофеј, иако „Волчицата“ под негово водство играше добар фудбал и во еден дел од сезоната претендираше за титулата во Серија А.

На крајот Спалети сепак го напушти Рим, долго се шпекулираше дека ќе премине во Интер, а денес клубот од Милан и официјално потврди дека тој ќе биде нивниот нов тренер.

Спалети пред Рома работеше во Зенит, а во Интер ќе се обиде да најпрво добро да го одработи преодниот рок, а потоа и да го врати Интер во самиот врв на италијанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нема повеќе дилеми: Арбелоa потврди крај за две ѕвезди на Реал Мадрид

Реал Мадрид синоќа го победи Севилја на гостување со 1:0, во натпревар без резултатско зна…