Дома Фудбал Шпанците откриваат во која лига ќе работи Чави

Шпанците откриваат во која лига ќе работи Чави

Шпанските медиуми пренесуваат дека Чави Ернандез вчера бил виден во јавноста за прв пат откако доби отказ од тренерската функција во Барселона. Тие наведуваат дека иако ќе паузира една година од работа, веќе размислува за нов ангажман и дека донел одлука која лига ќе биде негова следна дестинација.

Тој се уште не сака да зборува за Барселона и разделбата со каталонскиот гигант, а особено за нејзиниот претседател Жоан Лапорта и ќе ги искористи следните месеци да остане во кругот на семејството. Според „Спорт“ неговиот следен ангажман ќе биде Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чави ја презеде Барселона на 6 ноември 2021 година и ги предводеше Каталонците на 141 натпревар пред да добие отказ на крајот на минатиот месец. Оствари 89 победи, 23 нерешени и 29 порази. Минатата година ја освои Ла Лига и домашниот Суперкуп, а оваа сезона заврши на второто место и беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите од ПСЖ.

На Чави му пресудијата критиките кон раководството, односно коментирањето на финансиската состојба. Тој јавно кажа дека Барселона нема пари да се натпреварува со Реал и дека се неопходни засилувања за да се обиде, а ги потсети навивачите дека оваа Барса нема никаква врска со онаа од трофејното минато.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Пјер-Емерик Обамејанг ќе игра во Саудиска Арабија

Екипата на Ал Кадсија на својата официјална веб-страница објави дека потпиша договор со на…