Дома Фудбал Останато Шпанецот од Баерн за новото засилување: Тој е како Манџукиќ, не сакате да играте против него!

Шпанецот од Баерн за новото засилување: Тој е како Манџукиќ, не сакате да играте против него!

Фудбалерот од средината на теренот на Баерн Минхен, Хави Мартинез беше еден од најдобрите фудбалери на гигантот од Минхен кога во 2013 година ја освои Лигата на шампионите, а со доаѓањето на Хејнкес повторно заигра на позицијата во средината која најмногу му одговара.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мартинез во интервјуто за „Билд“ зборуваше и за новото засилување на Баерн, Сандро Вагнер за кого Баерн Минхен плати сума од 13 милиони евра.

„Тој многу ме потсетува на Марио Манџукиќ. Секогаш кога играв против него си помислував: Ова ќе биде тешко. Многу повеќе ми е мило што ќе го гледам во дресот на Баерн. Тој е еден од од оние фудбалери против кои не сакате да играте“, порача Мартинез.

Вагнер оваа сезона за Хофенхајм одигра 17 натпревари, постигна шест погодоци и запиша четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Керик прифати потег кој го одбиваа Мурињо и Аморим

Манчестер Јунајтед наскоро ќе им покаже на навивачите ширум светот тоа што со години беше …