Неколку фудбалери на Манчестер Јунајтед, како и тренерот Жозе Мурињо, не се појавија на промоцијата модна колекција на еден од клубските спонзори.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во редовите на Црвените ѓаволи работите оваа сезона не функционираат како што треба. Играчите не се премногу задоволни од односот на раководството, а го искажаа и своето незадоволство поради доцнењето на последните два натпревари во ЛШ поради сообраќајните гужви во Манчестер.
Затоа неколкумина од нив одлучија да ги бојкотираат спонзорските обврски кои беа закажани за четврток, а со тоа сакаа да го привлечат вниманието на клубското раководство.
Исто така, Мурињо е назадоволен бидејќи клубот не му излезе во пресрет со ветените засилувања и Специјалниот не е во добри односи со претставниците на клубот.
Вниманието после ова сигурно го добиле, но дали и засилувања за Мурињо, ќе видиме во текот на јануари.