Дома Фудбал Италија Шок за Милан: Боновентура пет месеци надвор од терените!

Шок за Милан: Боновентура пет месеци надвор од терените!

0
bonventura

Играчот за врска на Милан, Џакомо Боновентура ќе мора да биде трпелив со оглед на тоа дека не ќе може долго време настапува на фудбалските терени поради повреда.

Боновентура веќе неколку недели има проблеми со коленото, а италијанските медиуми пренесуваат дека сепак операцијата е неизбежна.

Ова значи дека овој важен фудбалер на Милан ќе биде надвор од терените уште околу пет месеци што сигурно ќе биде тежок удар како за него, така и за клубот.

Иначе тренерот Џенаро Гатузо има проблеми со повреда на уште неколку фудбалери, но се надева дека сите освен Боновентура ќе се опорават во текот на репрезентативната пауза. Освен та, проблем е и суспензијата на Гонзало Игуаин кој не ќе може да настапи во наредните два натпревари.


Следете го Sportski.mk и на


29 годишниот Боновентура во текот на оваа сезона настапи на осум натпревари постигна три гола и запиша една асистенција.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видовме се: Продолженија, исклучување, супер гол на крајот шампион е – Ривер! (ВИДЕО)

Денес после неколку одложувања конечно се одигра долгоочекуваниот реванш во „Суперкласико“…