Дома Фудбал Германија Шок за Баерн и фудбалскиот свет: 22 годишниот супер талент најави – пензионирање!?

Шок за Баерн и фудбалскиот свет: 22 годишниот супер талент најави – пензионирање!?

Се очекуваше да биде еден од најдобрите млади напаѓачи во светот, сепак има едно големо „но“.

Кингсли Коман е 22 годишен фудбалер кој до својата 19-та година играше за ПСЖ, Јувентус и Баерн…Но, има огромен проблем со повредите и почесто е во операционите сали отколку на терените.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Факт е дека поради вештината и брзината често пати е метан а противнички стартови, но и кога не е така тој знае да се повреди.

Французинот во Баерн пристигна во летото 2015 година од Јувентус. Германскиот клуб го откупи минатото лето за 20 милиони евра. Денес неговата вредност се проценува на 50 милиони евра, сигурно би била и поголема доколку немаше проблеми со повредите.

Коман поради повредата на лигаментите оваа година го пропушти СП, а за Баерн од почетокот сезоната одигра само пет натпревари. Но, ниту една од почеток до крај. Покрај тоа, тој има одлични бројки откако е во Минхен – 98 натпревари, 16 голови и 22 асистенции.

Меѓутоа во своето последно интервју најави пензионирање…

„Нема да прифатам уште една операција. Што е премногу, премногу е. Можеби на моето стапало не му е судено да биде фудбалерско. Ако се покаже дека е така, ќе продолжам со друг живот, оној како анонимец“, изјави Коман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…