Дома Останати Ракомет Шок во ракометниот свет: Хансен на пауза од ракометот поради голем стрес

Шок во ракометниот свет: Хансен на пауза од ракометот поради голем стрес

Од данска пристигнуваат изненадувачки вести, Микел Хансен одлучил да земе одмор во текот на сред сезона поради преголемиот стрес кој го чувствувал.

До пред десетина дена Хансен со Данска играше на Светското првенство кое Данците го освоија третпат во низа. Се очекуваше да го предводи Алборг во вториот дел од сезоната, но тоа нема да биде случај.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Хансен одлуката ја донел по консултации со медицинските лица и неговото семејство.

„Микел имаше хаотична година. Прво се соочи со сериозни здравствени проблеми во пролетта 2022 година, па потоа по 10 успешни години во странство се вратив во Данска каде што цело време беше во центарот на вниманието.

Чувстува преголем стрест, па заеднички со клубот и ракометарот донесовме одлука тој да помине одредено време надвор од терените и да ја добие потребната помош. Ја замолуваме јавноста да покаже разбирање за Хансен и неговото семејство“, објави Алборг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер го дозна распоредот на натпревари во ЛШ

Пелистер го доби официјалниот распоред од ЕХФ за новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ).…