Дома Фудбал Останато Шок во ПСВ: Легендата си замина на едно коло пред крајот!

Шок во ПСВ: Легендата си замина на едно коло пред крајот!

Легендарниот Руд Ван Нистерлој повеќе не е тренер на ПСВ, потврди холандскиот клуб.

Поранешниот репрезентативец на Холандија си заминува на едно коло пред крајот на шампионот.

„Главниот тренер Руд Ван Нистерлој не извести дека си заминува. Клубот жали поради неговата одлука и му е благодарен на освоениот Куп и Суперкуп на Холандија“, стои во соопштението со напомена дека се надеваат дека сезоната ќе ја завршат на второто место.

ПСВ во недела ќе игра против АЗ Алкмар во последното коло од првенството, а во овој натпревар екипата од клупата ќе ја предводи Фред Рутен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Меси стрелаше во дербито во МЛС, но Интер Мајами не победи (Видео)

Лионел Меси изминатата вечер го постигна својот 19. гол во МЛС лигата сезонава, но неговио…