Тажни вести ни доаѓаат од Премиер лигата. Голманот на Вулверхемптон, Карл Икеме мораше да се пензионира поради битката која ја води со леукемијата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На Икеме пред една година му беше дијагностицирана леукемија, но успеа да брани во Чемпионшип и да се пласира во Премиер лигата со „волците“.
Меѓутоа, мораше да му каже „збогум на фудбалот“. Дојде на тренинг и на соиграчите им кажа – ова е мој последен ден како фудбалер!
„Разговарав со докторот и ме советуваше да се повлечам бидејќи имам многу третмани и не смеам да ризикувам. Здравјето ми е приоритет, сакам да бидам со семејството и пријателите. Сега, кога е мојот живот во опасност, оваа одлука е најмалку што можам да направам“, изјави Икеме.
Икеме е целиот свој живот во Вулверхемптон, од својата 14-та година, а сега има 32 години.