Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија и Фелипе се разделија после четири месеци

Шкендија и Фелипе се разделија после четири месеци

Бразилскиот фудбалер Хуан Фелипе ја прекина соработката со тетовскиот клуб Шкендија после само четири месеци, соопштија од клубот.

Фелипе минатото лето стигна во Шкендија од екипата на Вардар, но денес клубот објави дека се разделиле со Бразилецот, откако вчера имале состанок, на кој била донесена конечната одлука.

„Шкендија му се заблагодарува на Хуан Фелипе за неговиот придонес во црвениот дрес за време на периодот додека беше со нас. Му посакуваме среќа во иднина“, се вели во соопштението на Шкендија.

Фелипе настапуваше во Вардар во 2015/16 и 2016/17, кога „црвено-црните“ ги освоија шампионските титули, а притоа и обезбедија пласман во групната фаза од Лига Европа.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Пелистер за враќањето во првата лига доби честитка од Полска (ФОТО)

Пелистер пред неколку дена со одлуката на ФФМ обезбеди пласман во првата македонска лига, …